Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

Непознато лице од Македонија во Стејт Департментот на САД молело да не биде срушена тогашната влада на Никола Груевски во 2016.

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, ова го тврди во поткастот на Тим Пул.

Македонецот за време на поранешната администрација на Доналд Трамп молел владините агенции на чело со САД да не ја уриваат македонската влада.


О Нил тогаш работела во надзорот над владините агенции, меѓу кои и УСАИД. Таа вели дека не може да се сети на името на човекот кој ја претставувал македонската влада.

Опишан е како висок со типичен лик на источноевропеец, кој сепак не успеал да ја наговори тогашната администрација на Трамп која ги саботирала сите обиди да се спречат ваквите активности на владините агенции.

„Ве молам, ве молам, запрете ја вашата влада во обидот да ја сруши нашата“. Ова се зборовите на Македонецот што ги цитира поранешната вработена во Стеј департментот.


Слично

Поврзани вести