Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонец уапсен во Словачка поради убиство

Maкедонец уапсен во Словачка поради убиство

Поради убиство во Словачка уапсени се двајца Срби и еден Македонец. 

Двајцата Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник Никола Косаниќ (22) во Братислава во неделата, уапсени се во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција.

Третиот напаѓач, државјанин на Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение.

„Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември“, се наведува во соопштението на словачката полиција.

Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава. Тие се обвинети во отсуство и во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.

Доколку бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од 7 до 10 години.

Слично

Поврзани вести