Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец уапсен во Швајцарија: Пукал од автомобил кон група луѓе, следела потера низ улиците

Македонец уапсен во Швајцарија: Пукал од автомобил кон група луѓе, следела потера низ улиците

Македонски државјанин е уапсен во Швајцарија по вооружен инцидент што се случил во четвртокот, на 5 март, во градот Егл (Aigle).

Според информациите од полицијата, 34-годишниот осомничен од автомобил испукал најмалку еден куршум кон група мажи кои се наоѓале пред еден локал во индустриската зона на градот. Инцидентот се случил околу 13:10 часот.

По пукањето, осомничениот веднаш побегнал со возилото, по што две лица од нападнатата група тргнале во потера по него. Брканицата траела до местото Бекс, каде што го изгубиле од вид.

Според првичните информации, мотивот за инцидентот најверојатно е претходна расправија, а во целиот настан нема повредени лица.

Швајцарската полиција веднаш започнала потрага по осомничениот и по кратко време успеала да го лоцира и уапси во местото Шател-сур-Бекс.

Според тамошните власти, 34-годишниот македонски државјанин немал пријавено живеалиште во Швајцарија.

Надлежното обвинителство веќе отворило кривична истрага за целосно расчистување на случајот, а за осомничениот е поднесено барање за одредување мерка притвор.


Слично

Поврзани вести