Македонец уапсен во Црна Гора, се сомничи за перење пари
Македонски државјанин е уапсен на граничниот премин „Божај“, на излез од Црна Гора, како осомничен за обид за криумчарење речиси 40 илјади евра, соопштува црногорската полиција.
„Вчера, на граничниот премин „Божај“ на излез од Црна Гора, Ф.П. (34), државјанин на Република Северна Македонија, се приближил до граничната контрола, управувајќи „голф“. Детални гранични контроли биле извршени на втората линија на граничните проверки, кога полициските и царинските службеници, по прегледот на внатрешноста на возилото, пронашле 39.950 евра во различни апоени во делови од седиштето“, велат одполицијата.
За настанот, бил известен државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, по чија наредба, по собирањето информации и преземањето мерки и дејствија, Ф.П. бил лишен од слобода под сомнение за сторено кривично дело перење пари.
