Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец со шлепер се преврте на автопатот Алексинац - Ниш

Македонец со шлепер се преврте на автопатот Алексинац - Ниш

Македонец  на возраст од 38 години со шлепер се преврте во Србија. 

На автопатот Алексинац - Ниш, во правец кон Белград, се преврте шлепер со македонски таблички.

Сообраќајката се случила утрово околу 8 часот и 30 минути  кај селото Катун. Засега не е позната причината поради која шлеперот се превртел.

Полицијата и Брзата помош се на терен, но не е познато колкава е штетата и дали возачот е повреден.

Сообраќајот кон Белград е целосно запрен додека камион не се отстрани, бидејќи тој ги препречил сите три ленти.

Слично

Поврзани вести