Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец со автомобил излетал во реката Босна, по што полицајци со чамец го спасувале

Македонец со автомобил излетал во реката Босна, по што полицајци со чамец го спасувале

Македонец слетал со ауди во реката Босна и на покрив чекал да го спасат. 

З.Љ. (48) кој утрово со „Audi Q7“ излетал во реката Босна во градот Добој, во Босна и Херцеговина (БиХ), не е повреден, потврдија за Српскаинфо од полициската управа во Добој.

Драгана Керкез, портпаролка на оваа Управа, информираше дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа при којашто автомобил излетал од патот кон реката Босна, пишува Српскаинфо. Возачот превентивно е испратен на преглед во Здравствениот дом во Добој.

„Во извлекувањето на возачот учествувале полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот – Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица – Добој“, кажа Керкез.

Увид на местото на настанот извршиле службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој. Српскаинфо претходно објави дека по несреќата човекот излегол од автомобилот, се качил на покривот и чекал помош. Полицајците до него стигнале со чамец. 

FOTO Srpskainfo.com

Слично

Поврзани вести