Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец што летувал на Малдиви се заразил со зика вирус

Македонец што летувал на Малдиви се заразил со зика вирус

Институтот за јавно здравје соопшти дека македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот. Велат дека ова е прв регистриран случај на зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде што има документирана циркулација на вирусот зика, предизвикани од каснувања од азиски тигрест комарец, реално постои можност за појава на нови случаи.

„Според добиените епидемиолошките податоци на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, заболеното лице во периодот од 20-28 мај 2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот потврдил дека бил каснат од комарец. Првите знаци на болеста се јавиле на 24 мај 2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика“, велат од ИЈЗ.

Пациентот не е хоспитализиран, туку е пратен на домашно лекување и во моментот е во добра општа состојба. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира патнички асоцирани случаи на зика кај лица кои се инфицирале за време на престој во ендемски подрачја. Постои можност за понатамошно пријавување на нови случаи во периодот на активност на комарците за лицата кои патуваат во зафатените региони и ризикот за овие лица се проценува како низок до среден. Ризикот за населението во земјата во моментов се оценува како низок.

Од ИЈЗ советуваат дека ризикот може значително да се намали со спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон препорачаните превентивните мерки и совети.

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести