Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец протеран од Италија поради поврзаност со „Исламска држава“

Македонец протеран од Италија поради поврзаност со „Исламска држава“

Македонски и албански државјанин се протерани од Италија поради сомневање дека имале врски со радикални исламисти, информираше италијанското Министерство за внатрешни работи. 

Се работи за 35 годишен македонски државјанин и Албанец на возраст од 27 години. 

Полицијата во Бари ги следела двете лица кои биле во „близок контакт“ преку социјалните мрежи со симпатизер на „Исламската држава“ од Мароко. Тие биле протерани откако се открило дека имале контакт и со радикален исламист кој бил уапсен на Косово за тероризам.

Италија донесе Закон за брзо протерување странци осомничени за тероризам, дури и на лабава основа, по нападот на исламистите во Париз во јануари 2015 година.

Министерот за внатрешни работи, Марко Минтини, вели дека, благодарение на тој закон, Италија е поштедена од терористички напади. Врз основа на овој закон, италијанското Министерство за внатрешни работи досега протера 221 лице, од кои 89 оваа година.

Слично

Поврзани вести