Македонец почина во Мелбурн откако беше избоден со нож
Mакедонецот Дени Димовски ноќеска е избоден со нож и убиен во тепачка што избувнала во македонски ресторан во Мелбурн, Австралија.
Убиството се случило во раните утрински часови кога група непоканети гости околу 2 часот по полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот „Корзо грил хаус“, откако сопственикот на ресторанот се обидел да им ја затвори вратата.
Откако мажот кој имал 30-тина години е избоден неколку пати, групата побегнала од местото на настанот.
Според тамошните медиуми, македонскиот ресторан на својата интернет страница имал објавено дека работното време е до полноќ, но на видеата што биле објавени на социјалните мрежи се гледало дека неколку десетици луѓе во ресторанот се забавувале со традиционална народна музика.
