Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонец осуден на 17 години затвор приведен во Хамбург

Македонец осуден на 17 години затвор приведен во Хамбург

Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишиле од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна. Акцијата за негово приведување е спроведена во текот на вчерашниот ден.


Слично

Поврзани вести