Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЕЦ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА КРУЗЕР ЗАРАДИ НЕВАЛИДЕН ПАСОШ: Се враќа од Австралија дома, со финансиски загуби, „понижен сум како никогаш до сега“

МАКЕДОНЕЦ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА КРУЗЕР ЗАРАДИ НЕВАЛИДЕН ПАСОШ: Се враќа од Австралија дома, со финансиски загуби, „понижен сум како никогаш до сега“

Откако вчера на социјалните мрежи се споделуваше искуство на МАкедонец во Германија, дека лицата без патен лист можат да ја напуштат Германија но ќе заработат кривична пријава, сега се споделува статусот на Виктор Настески, кој работи како главен готвач  на крузер во Австралија.
„ Епа другари и другарки толку беше!

Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја.

И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор!

-Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef”!

-Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат!

-Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде!

-Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер!

-Мојот работодавец со огромни финансиски загуби!

-Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени!

-Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега!

-И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома!

-Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист!

-Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат!

-Свесни ли сте бе какви штети предизвикувате на своите граѓани и на круз компаниите, и општо на сите работодавци на море и на копно!?

-Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте!

-Вие сте бе енда багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото!

-Ја не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ!

И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор

Ниту власта а ниту па опзицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто!

Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство

А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки!“, се вели во статусот.



Слично

Поврзани вести