Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЕЦ КОЈ MOMEНТАЛНО Е ВО ОДЕСА: Наутро и навечер нападите се почести, и не верувам дека ова брзо ќе заврши

МАКЕДОНЕЦ КОЈ MOMEНТАЛНО Е ВО ОДЕСА: Наутро и навечер нападите се почести, и не верувам дека ова брзо ќе заврши

Вчера не разбуди експлозија во 5 часот наутро, објаснува Стефан Ангеловски, Македонец кој моментално се наоѓа во Одеса во Украина. 

Додава дека засега е мирно, иако повремено има напади од воздух, при што навечер и наутро нападите се почести.  Полициски час е на сила од 21 часот до раните утрински часови и граѓаните во тој период не смеат да излегуваат. 

„Вчера луѓето беа уплашени, а денеска не толку многу. Планирам денеска или утре да ја напуштам Украина, другар ќе ме земе од Романија. Мое мислење е дека нема да заврши брзо и дека  ќе се зголеми интензитетот“, вели Стефан Ангеловски, од Скопје кој туристички заминал во Украина. 

Објаснува дека граѓаните можат на било кој начин да помогнат и да се информираат во украинската амбасада во Скопје на кој начин да го сторат тоа, затоа што и Украинците ни помогнаа на нас во минатото. Тој се плаши дека војната ќе се прошири и ќе добие на интензитет. 

„Било каква помош е потребна. Украинците се наш братски народ, иако и Русите се, но тие се иницијаторите“, вели Ангеловски. 

Тој додава дека големи штети и жртви има во регионите населени со Руси, додека во Одеса нема толку големи тензии. Русија вчера започна со инвазија на Украина. Светот втор ден е во шок, а во Украина се уште има македонско државјани кои чекаат евакуација. 

фото Wikipedia

Слично

Поврзани вести