МАКЕДОНЕЦ И ДВАЈЦА БУГАРИ ЗАГИНАА ДОДЕКА СЕДЕЛЕ ВО РЕСТОРАН ВО БУГАРИЈА: Во нив влетал автомобил
58-годишен Македонец загина седејки на ресторантска маса во градот Разград, Бугарија. На него и уште двајца бугари кои седеле на истата маса со автомобил влетал 19-годишен возач, објави ТВ Стар.
На местото на несреќата вкупно загинаа три лица, Македонецот на возраст од 58 и Бугарски државјани од 62 и 64 години. Возачот не бил под дејство на алкохол или дрога, според првичните тестови. Сепак, земени се крв и урина за дополнителни лабораториски анализи.
На возачот му е одредена мерка притвор од 72 часа.
Слично
