Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонците засега нема да можат да патуваат во Грција

Maкедонците засега нема да можат да патуваат во Грција

Maкедонските граѓани засега нема да можат да патуваат во Грција. Одлуката на грчката Влада за привремена затворање на копнените граници и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, е продолжена до 14 мај 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходната одлука беше издадена во понеделникот, а во Службен весник на Грција, веќе е објавена и новата што стапува во сила на 3 мај и ќе важи до 14 мај 2021 година до 6 часот наутро по локално време.

Како што веќе објави МИА, се очекува за две седмици да бидат отворени копнените граници на Грција и да се укинат ограничувањата, а патувањето да биде или со негативен тест за Ковид-19 или со сертификат за вакцинација.

Засега, овие правила важат за 11 трети земји, како и за државјаните на земјите членки на ЕУ и Шенген зоната, кои согласно претходните одлуки се исклучок од забраната за влез и се ослободени од задолжителниот карантин. Во сила, и понатаму е и новото правило воведено минатата седмица, според кое, задолжителниот ПЦР тест за влез во Грција важи и за деца кои наполниле пет години.

Плажите кај јужниот сосед ќе бидат отворени на 15-ти мај со строги здравствени мерки.

Дигитални здравствени пропусници во ЕУ ќе почнат да функционираат од јуни. 

Слично

Поврзани вести