Македонците во Швајцарија ќе можат да патуваат само ако се вакцинирани
Само вакцинираните од Македонија од денеска можат да влезат во Швајцарија.
Швајцарија ги заостри условите за влез во земјата за туристите од Македонија и од Косово, кои од денеска ќе можат да влезат во оваа држава само вакцинирани, и тоа со една од одобрените вакцини. На невакцинираните ќе им биде дозволен влез само во ситуации „на крајна неопходност“. Како што објави Државниот секретаријат за миграција, за такви ќе се сметаат само смртта на роднини, судските повици или итните посети на претставниците на власта. Оваа регулатива нема да важи за граѓаните на Македонија и на Косово кои имаат дозвола за престој во Швајцарија. Новите мерки се донесени поради влошената епидемиолошка состојба во двете земји. Поради високите бројки на заразени од коронавирусот, македонските граѓани се соочуваат со рестрикции при патување.
