Македонците во Австралија излегуваат на протести за сочувување на името
Македонската заедница во Австралија најави дека ќе излезе на протести во Мелбурн ана 4 март со цел да изрази револт за можна промена на уставното име на Република Македонија, мотото на нивниот протест е насловено „Ние сме Македонци во одбрана на Македонија“
Протестниот марш ќе започне во 13 часот и 30 минути и ќе заврши пред Парламентот на сојузната држава Викторија.
Организаторите на маршот апелираат до сите Македонци со своите фамилии, роднини и пријатели да го посветат овој ден за спас на името на Македонија, македонскиот јазик, идентитет, црква, култура и традиции.
„Сите сме запознати дека над Македонија се надвиснати најцрните облаци, најтешките денови и најголемата неизвесност да се задржи вековното име на Македонија како и идентитетот на македонскиот народ.
Заради забрзаните национални разнебитувања Македонија го повикува секое македонско чедо на 4 март да застане простум во одбрана на името на Македонија и нејзината биднина“, велат организаторите на протестот во Мелбурн.
На претходните протести организирани пак, од грчката дијаспора дојде и до инциденти со Македонци кои беа нападнати.