Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците во Австралија и Италија со поддршка „За заедничка Македонија“

Македонците во Австралија и Италија со поддршка „За заедничка Македонија“

Од  македонската дијаспора од Сиднеј, Австралија велат дека иако се 20.000 км оддалечени од Македонија, сепак будно ја следат политичката ситуација и се длабоко загрижени за иднината на земјата.

Тие ја поддржуваат иницијативата „За заедничка Македонија“ и се против „Тиранската платформа“, воведување на двојазичноста, федерализација, промена на Уставот, знамето и химната. 

„Ние не сме против другите народи што живеат во Македонија и ги повикуваме и тие да се приклучат во одбрана на она што ни го оставиле нашите татковци.  Каде и да сме расеани во светот со мислите сме во родната земја, земјата на нашите браќа, сестри, татковци, дедовци и предедовци кои ги дале своите животи за Македонија. Македонија е библиска земја запишана во Библијата од Бога и никој нема право да ја отпишува, да се пазари за нејзиното име, нејзината химна, нејзиниот јазик и знаме. Никој нема право да ја федерализира и распарчува“ - велат Македонците од Австралија. 

Поддршка стигна и од Македонците во Италија. 

Во Македонија со денови има собири во повеќето градови против платформата на албанските партии. 

Слично

Поврзани вести