Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците со кризата се научија да плаќаат од мобилни телефони

Македонците со кризата се научија да плаќаат од мобилни телефони

Плаќањата преку мобилен телефон се зголемени за околу 45,5 отсто, додека плаќањата иницирани на хартија се намалени за 7 отсто за време на корона кризата во  март во Македонија. Истовремено годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер е зголеменза  26,4 отсто, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот изнесуваше 5,4 отсто. 

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, коментирајќи ги податоците од електронското и мобилното банкарство во изминатиот период.

Електронското плаќање на поединците е зголемено за околу 30 отсто на годишна основа, што е многу повеќе во споредба со трендовите во претходниот период.

„Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба.“ – коментираше гувернерката Ангеловска-Бежоска.



Слично

Поврзани вести