Македонците со бугарски пасош можат да се регистрираат за вакцинирање во Бугарија
Претседателот на здружението „Македонско-бугарско пријателство“, Добре Митрев, соопшти дека Македонците со бугарски пасош, односно со бугарско државјанство, може да се вакцинираат против Ковид-19 во Бугарија преку регистрација на интернет порталот „COVID-19 Регистрация за ваксинация“.
Од таму објавија дека заинтересираните ќе можат да го одберат видот на вакцината, местото и времето за вакцинирање, при што за влез во Бугарија ќе им биде потребен негативен тест издаден од овластените здравствени установи во земјава.
Регистрацијата на платформата се одвива во четири чекори - прво со пополнување на личните податоци, потоа со избор на вакцина, избор на центар за вакцинација и на крај терминот за администрација на вакцината.
