Македонците сакаат поголемо присуство на полицијата на улиците
Македонците не се плашат за својата безбедност покажала последната анкета на ОБСЕ.
Дури 75 отсто од граѓаните според истражувањето се чувствуваат многу или главно безбедни .
Сепак овие податоци не значат дека безбедноста не може уште да се подобри.
Оние граѓани кои се изјасниле за небезбедни како дел од причините ги посочуваат слабата улична осветленост и бездомните кучиња, работи кои не се во надлежност на полицијата. Граѓаните се изјасниле и дека е потребно поголемо присуство на полицијата, а како еден од главните проблеми го посочуваат брзото и невнимателно возење.
Според министерот Спасовски кој беше дел од презентирањето на анкетата а се осврна и на можностите и придобивките од користењето на локалните совети за превенција кои овозможуваат мултиресорски пристап во третирањето на безбедносните прашања и за зајакнување на концептот на полициско работење во заедницата.
Тој ги потенцира заложбите за јакнење на довербата на сите заедници во полицијата како еден од главните приоритети во стратешкиот план на МВР
