Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО БАНКА, НЕ ГИ „ПИШМАНАТ“ НИ КРИЗИ НИ ОБВРЗНИЦИ - граѓанските депозити достигнаа 5,44 милијарди евра

МАКЕДОНЦИТЕ САКААТ ДА ШТЕДАТ ВО БАНКА, НЕ ГИ „ПИШМАНАТ“ НИ КРИЗИ НИ ОБВРЗНИЦИ - граѓанските депозити  достигнаа 5,44 милијарди евра

Македонците дефинитивно сакаат да штедат во банка.

Во услови и на кризи и на инфлации, банкарските депозити не престануваат да растат.

Секторот домаќинства е најголемиот „полнач“ на банкарските канали, покажуваат и најновбите септемвриски податоци на Народна банка на Македонија. 

Или, на крајот на септември македонските граѓани во домашните банки чувале 5,44 милијарди евра.

Само за еден месец, односно во однос на август, вкупните граѓански депозити пораснале за близу 50 милиони евра, или прецизнои за 49,2 милиони. 

Во денари граѓаните чуваче 2,62 милијарди евра, што е раст за 33 млиони евра, додека, пак, депозитите во странска валута достигнаа 2,83 милијарди евра, и кај нив порастот во однос на август изнесува 16,1 милиони евра. 

Сепак, нашите граѓани покажаа дека сакаат да инвестираат и во други алтернативни инструменти, па во првата емисија на граѓанската обврзница запишаа дури 23 милиони евра.

Неодамна беше издадена и зелена обврзница на сума од 10 милиони евра, во која исто така инвестираа граѓани, но и банки и финансиски институции.

Во моментов во тек е запишување на нова граѓанска обврзница на сума од 10 милиони евра, а граѓаните можат да ја запишат се до 6 ноември оваа година.

Н.Н.Ф. 

Слично

Поврзани вести