Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците порачаа дека подаваат рака за пријателство, сакаат слободно да се изјаснуваат она што се

Македонците порачаа дека подаваат рака за пријателство, сакаат слободно да се изјаснуваат она што се

Македонски книги ќе има во клубот „Никола Вапцаров“ во бугарскиот Благоевград, соопштено е денеска. 

Македонците од Бугарија се заблагодарија на како што рекоа браќата од Канада кои им дале поддршка за отворање на клубот. Велат дека овој клуб е во интерес на македонската идеја. 

„Да развиваме достојни идеи и цели во овој клуб“, кажаа Македонците од Бугарија. 

Македонците од Бугарија читаа поезија од поетот Никола Вапцаров, каде тој ја споменува Македонија. Го нарекоа дека е човек симбол на Македоцните во Бугарија. 

„Сакаме да бидеме Македонци, без страв. Да си Македонец не е анти бугарско дело. Ние подаваме рака за пријателство“, беше кажано при отворањето на клубот. 

Но, имало и опструкции и реакции дека музиката која беше пуштена по повод отворање на клубот пречела за јавниот ред и мир. 

Слично

Поврзани вести