Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците пооптимистични од Грците за 2017 - што мислат другите соседи?

Македонците пооптимистични од Грците за 2017  - што мислат другите соседи?

39% од граѓаните се оптимисти дека новата 2017 година ќе биде подобра од 2016 година, а 33% од граѓаните веруваат дека следната година ќе биде година на економски просперитет. 

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на истражувачката агенција Брима, членка на Вин-Галуп Интернешнал.

На прашањето „Дали сметате дека 2017 година ќе биде подобра, полоша или иста од 2016 година?“ 39 проценти од македонските граѓани се оптимисти, наспроти 21% кои се песимисти.

Споредено со соседството со надеж од +18% Македонија заедно со Косово + 33% и Албанија +35% е пред Грција со надеж од -30 %, Бугарија -5% и Србија -1%.

На прашањето „Споредено со годинава, дали следната година ќе биде година на економски просперитет, економска потешкотија или следната година ќе биде иста како оваа?“ 33% од македонските граѓани се оптимисти наспроти 27% песимисти, додека 31% се неутрални.

Истражувањето покажува дека со нето економски оптимизам од +6 проценти Македонија во однос на соседите се наоѓа во средина. Најголеми песимисти се граѓаните на Грција со нето економски оптимизам од -53%, по што следат Бугарија -21% и Србија -16%, додека најголеми оптимисти со нето економски оптимизам од +24 се Косово и Албанија со +10 проценти.

Ова е 40. истражување на Вин-Галуп Интернешнал за крајот на годината околу очекувањата, изгледот, ставовите и уверувањата на жителите во 60 држави од целиот свет.


Слично

Поврзани вести