МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА РЕАГИРАЛЕ ДО НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ПОПИСОТ: Кој е неговиот став?
Народниот правобранител од Тирана побара од ИНСТАТ почитување на правата на Македонците во Албанија.
Но, тој не добил одговор од Институтот за статистика (ИНСТАТ) во врска со барањето на Македонците од Албанија околу случувањата со пописот на населението лани. Албанскиот омбудсман уште побарал, ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница во Албанија и прикажаните потадоци од пописот.
„Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и ‘северномакедонци’ на англиски јазик, од Институтот за статистика, на прегледот за резултатите за етничката припадност“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво Илинден од Тирана.
Пописот на населението, 12. по ред беше реализиран од 30 октомври до 16 ноември 2023 година, а според резултатите објавени од ИНСТАТ на 28 јуни годинава, попишувачите регистрирале 2.281 Македонец, наспроти 7.957 Бугари. Во сите претходни единаесет спроведени статистички операции не е регистриран ниту еден граѓанин кој се изјаснил како Бугарин.
Бугарите беа активни пред и за време на пописот со агитирања, а нуделе и таблети, телефони, пасоши на Македонците во Албанија за да се изјаснат како Бугари.
