Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците не можат да ги предадат документите за бугарски пасош

Македонците не можат да ги предадат документите за бугарски пасош

Македонски граќани кои секојдневно патуваат за Софија не може да ги предадат документите за добивање бугарски пасош се додека не се среди ситуацијата со Агенцијата за Бугари во странство, објавија бугарските медиуми.

- Секој ден од 50 до 100 души од Македонија доаѓаат во Софија, одат по нотари, но не можат да ги легализираат документите, не можат да ги комплетираат, затоа што не можат да наведат датум. Треба некој да даде поконкретно објаснување по медиумите, или од центарот. Некои доаѓаат од Охрид, некои од Скопје, некои од Тирана. тоа се трошоци - изјавил Кумановец за „24 Часа“.

Статус-кво ситуацијата ќе трае така се додека не се расчисти скандалот со поткупот во Агенцијата и со тоа дали ова тело ќе продолжи да ја остварува истата дејност или надлежностите ќе му бидат префрлени на некој друг веќе постоечки или новоформиран орган.



Слично

Поврзани вести