Македонците најмногу вакцинирани со дози од кинеските производители
Македонските граѓани до сега примиле околу 680.000 дози од кинеските производители на вакцини против Ковид-19.
Вкупно 55 проценти од ковид-вакцините што се употребени во Макеоднија, потекнуваат од Кина. Заклучно со 21 август, искористени биле околу 382.000 дози од „Синовак“ и околу 300.000 од „Синофарм“.
По производител, најмногу аплицирани дози, нешто преку 400.000, се од „Фајзер“. Од „АстраЗенека“ примени се 108.000 дози, а од руската „Спуник В“ употребени биле нешто повеќе од 45.000.
Станува збор за податоци добиени од Министерството за здравство кои ги доби БИРН.
Слично
