Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНЦИТЕ НА ИНТЕРНЕТ НАЈМНОГУ ПОРАЧУВААТ ПРЕКУ БУКИНГ, НЕТФЛИКС, АМАЗОН - над 280 милиони евра свртени преку он лајн пазарењето

МАКЕДОНЦИТЕ НА ИНТЕРНЕТ НАЈМНОГУ ПОРАЧУВААТ ПРЕКУ БУКИНГ, НЕТФЛИКС, АМАЗОН - над 280 милиони евра свртени преку он лајн пазарењето

Македонците преку Интернет најмногу купуваат авионски катри и резервираат хотели за сместување, открива анализата на Асоцијацијата за е-трговија. Нов раст на купувањето производи и услуги утврдиле за минатата година во споредба со годината претходно. 

- Македонските граѓани во 2024 година со своите платежни картички во странство потрошиле за онлајн пазарење 284,4 милиони евра во 7,4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. 

Во однос на 2023 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2024 година потрошиле 45,4 проценти повеќе додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 61,4 отсто - покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија - АЕТСМ изработена врз база на податоци од Народната банка.

Просечно нашите сограѓани трошат околу 38,6 евра и е помала за 10 проценти во однос на 2023 година. Притоа 74 отсто од вредноста и 67 проценти од бројот на направените трансакции се во Холандија, Обединето Кралство, Ирска, Унгарија, САД, Грција, Луксембург, Литванија и Германија. Во 2024 година Македонците оствариле наголема вредност на е-трансакции од 41,9 милиони евра во Холандија додека најголем број на трансакции од 1,37 милиони направиле во Ирска. 

- Најголем пораст на бројот на е-трнасакции во 2024 во однос на 2023 е забележан во Грција со 207,9 отсто раст, па Литванија со 162,1 проценти раст и Ирска со 140,7 отсто. Вредноста на направените трансакции најголем пораст има во Литванија со 221,7 проценти раст, па следува Ирска со 58,7 отсто и Обединето Кралство со 58,6 проценти раст. Пад е забележан кај бројот на е-трансакциите од 65, 6 отсто и кај вредноста за 3,2 проценти кон Германија - се укажува во анализата. 

Mакедонците во 2024 година потрошиле најмногу пари во Холандија и тоа 41,9 милиони евра, додека во Ирска направиле најголем број на трансакции - 1,37 милиони. 

Највисока просечна вредност на е-трансакција македонските граѓани оставриле во Германија 2142 евра, додека во Луксембург направиле најниска просечна трансакција од 14 евра.  

- Растот остварен во 2024 година во однос на минатата година изнесува 45,4 отсто скоро ист пораст како и во 2022 година кога бил 46 проценти спрема претходната година. Најмногу Македонците како и секоја година направиле трансакции кон Холандија во вредност од 41,9 милиони евра, Обединето Кралство 40,7 и Ирска 33,7 милиони евра. Истото е очекувано ако се има предвид дека од овие земји имаат седиште Booking.com, Netflix и Uber за Европа (Холандија), ASOS, Amazon UK(Обединето Кралство), додека највисокиот остварен број на трансакции од Македонци во Ирска, како и пораст на вредноста од 58,7 проценти во однос на минатата година се должи на тоа што таму сe регистрирани, Meta и Google.

Онлајн купувањето кон странски платформи, без разлика дали е тоа за производи или за резеравции во хотели, авиони или социјални медиуми, може да влијае позитивно и за домашните е-трговци со оглед дека се работи за менување на навиките и зголемено користење на онлјан купување воопшто. Од друга страна зголемената побарувачка ќе ги стимулира домашните трговци да ја зголемуваат и унапредуваат понудата и целокупното онлајн искуството за купувачите - вели претседателката на АЕТСМ, Нина Ангеловска.

Согласно објавените податоци од НБРСМ, странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2024 година потрошиле 37,2 милиони евра, што во однос на минатата година претставува пораст од 38,7 отсто. 

Остварената вредност која странските онлајн купувачи ја направиле кон домашните е-трговци во 1,2 милиони трансакции бележи пораст од 44 отсто во однос на 2023 година. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во 2024 година 52,6 проценти припаѓаат на иматели на платежни картички од 9 земји. 

Притоа 6,3 милиони евра или 17 отсто од вредноста на трансакциите се направени од иматели на платежни картички издадени во САД, потоа 3,5 милиони евра од Швајцарија и 2,4 милиони евра од Германија. Потоа следат Ирска со 1.85 мил. евра, Турција 1.75 мил. евра и соседите Косово и Србија со 821 и 814 илјади евра. Најголем пораст и на вредноста и на бројот на трансакциите е остварен од ирските иматели на платежни картички, на сметка на намалување на вредноста и бројот на имателите на платежни картички од Обединетото Кралство.

- Е-трговијата овозможува купување на производи и услуги од било кој крај на светот. Остварениот годишен пораст од 39 отсто на вредноста на е-трансакциите направени од странци кон домашните е-трговци и остврени 37,2 милиони евра покажува дека македонските е-трговци треба да го искористат уште повеќе овој потенцијал. 

Од анализата се гледа дека најмногу онлајн трансакции направени од странски иматели на платежни картички како по број така и по вредност се направени од земји каде што има македонски иселеници што нѐ упатува на претпоставка која е основа за понатамошно истражување дека нашите иселеници се повеќе го користат овој канал за купување на производи и услуги на своите блиски од македонските е-продавници. 

Очекувањата се и понатаму да продолжи растот на вредноста и бројот на реализирани онлајн трансакции од странство што исто така е придонес за развојот на македонската е-трговија - истакнува Ангеловска.

Слично

Поврзани вести