Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонците ќе можат да влезат во Кипар само со специјална дозвола

Maкедонците ќе можат да влезат во Кипар само со специјална дозвола

Во Кипар македонските државјани ќе патуваат само со добиена специјална дозвола. 

Македонија повеќе не е на листата земји за патување на Кипар, во согласност со новата „Процена на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“ објавена денеска од Министерството за здравство на Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Македонија е тргната и од црвената зона во која беше во изминатиот период, а новите правила стапуваат во сила на 9 септември. Државите членки на ЕУ и третите земји, во зависност од епидемиолошката слика поделени се во три категории: зелена, портокалова и црвена, за секоја од нив важат посебни правила, а оние кои не се во некоја од овие зони, како што е случај со Македонија, се во сивата категорија. Сивата зона, значи патување на Кипар само по добиена специјална дозвола, само за одредени категории и со негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа претходно и карантин по пристигнувањето. Поради лошата епидемиолошка состојба, македонските граѓани се соочуваат со рестрикции при патувањата. 

Европската Унија пред неколку дена ја отстрани Македонија од листата безбедни земји чии граѓани без ограничувања можат да патуваат во блокот поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. 

Слично

Поврзани вести