Македонците ќе гледаат фудбал на Европско - Wizzair сo директен лет до Букурешт
Македонците летово ќе гледаат фудбал на Европското првенство, а Wizzair овозможи директен лет до Букурешт, Романија.
Европското првенство го почнуваме на 13. јуни против Австрија во Букурешт.
Македонската фудбалска репрезентација го оствари сонот, ќе играме на Европско првенство кое во текот на наредната година треба да се одржи во повеќе земји низ континентот. Првиот натпревар го играме на 13. јуни против Австрија во Букурешт, на 17. јуни исто така во романската престолнина играме против Украина, а на 21. јуни во Амстердам против селекцијата на Холандија.
Слично
