Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците имаат најкраток животен век во регионот и пошироко

Македонците имаат најкраток животен век во регионот и пошироко

Македонските граѓани не можат да се пофалат со долг животен век. Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот, a најдолговечни се Грците. 

Граѓаните на Бугарија и на Македонија имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа. Ова го покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Потоа следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Грците имаат очекуван животе век од 82,1 година. Во Европа најкраток животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

Најдолг век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.
foto freepik.com/sergiign

Слично

Поврзани вести