Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците им го спасија Велигден на Бугарите со евтино јагнешко

Македонците им го спасија Велигден на Бугарите со евтино јагнешко

На пазарот во Бугарија има евтино македонско јагне, но и евтини јајца од Македонија, пишуваат бугарските медиуми. 

Во деновите пред Велигден се зголемува увозот на јагниња, живи и заклани и подготвени за печење од македонскиот град Делчево до Благоевград.

Причината за оваа „миграција" е многу пониската цена на јагнешкото на пазарот во Делчево, како и добриот квалитет, пишува „Монитор". 

Додека на сточниот  пазар крај Благоевград цената на јагнињата е 6 лева, а на јарињата - 5,50 лева, а во Делчево јагнињата одат од 3 до 4 лева по килограм жива мера.  Во Благоевградските продавници јагнешка плешка се нуди за 13,50 лева, а бутот за 14 лева, додека од Македонија заклано исчистено јагне се нуди за 9-10 лева / кг. 

Друг бонус за луѓето од Благоевград кој им го нудат браќата од Македонија е дека тие по телефон можат да си нарачаат јагниња, ако одат во договорениот ден и час и си го купуваат тазе заклано. Сопствениците на соседските продавници и пабови во Благоевград ја искористат ситуацијата со купување на јагнешко месо од Делчево и потоа го нудат по повисоки цени.

Не е јасно како живите јагниња одат преку граничните контроли и со кои санитарни документи, велат експертите.

Слично

Поврзани вести