Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците и натаму сметаат дека телефоните им се прислушкувани

Македонците и натаму сметаат дека телефоните им се прислушкувани

Речиси половина од македонските граѓани и натаму сметаат дека нивните телефонски разговори се прислушкувани, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).

Од оние кои одговориле децидно, повеќемина се оние кои се претпазливи, наспроти оние кои се послободни во телефонските разговори кои се помалкумина на број. Така, вкупно 45 отсто од анкетираните одговориле дека телефонските разговори што секојдневно ги вршат не се приватни и безбедни, наспроти 34 отсто кои сметаат дека никој без нивно знаење не ги прислушува.

Во однос на претходното истражување на ИРИ, бројот на оние кои сметаат дека телефонските разговори им се безбедни е зголемен за пет отсто, додека бројот на граѓаните кои сметаат дека некој ги прислушува.е намален за само еден процент.


Слично

Поврзани вести