МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ СТРАНЦИ ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАЌААТ ПОСКАПА КИРИЈА: Причината е банална
На германскиот пазар на домување, странците плаќаат повеќе кирија во просек од германските граѓани.
Во 2022 година, тие платиле 7,75 евра кирија по квадратен метар, што е за 9,5 проценти повеќе отколку што плаќаат Германците, според Федералниот завод за статистика. Делумно, разликата може да се објасни со фактот дека германските станари во просек живеат во поголеми станови, кои се издаваат под кирија по поповолни цени по квадратен метар.
Според резултатите од пописот од 2022 година, на кои се повикува институтот, странците изнајмуваат станови почесто од германското население, но помалку ги користат старите договори за изнајмување, пишува Дпа.
Дури и кога станува збор за станари кои живеат во стан повеќе од 20 години, тие сепак плаќаат 9,1 процент повеќе од Германците.
Разликата е седум проценти за период на закуп помеѓу 10 и 15 години, додека се намалува на 3,5 проценти за договори пократки од една година.
Статистичарите, исто така, ја истакнуваат врската помеѓу разликата во киријата и големината на местото на живеење.
Во средните градови со 50.000 до 100.000 жители, разликата беше најмала, 6,6 проценти, додека странците во малите општини со помалку од 10.000 жители мораа да платат 10,6 проценти повеќе.
Курир.рс