Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонците без ПЦР тест можат да патуваат во Црна Гора

Македонците без ПЦР тест можат да патуваат во Црна Гора

Македонските граѓани можат да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест. 

Владата во Црна Гора објави листа со земји на чии граѓани ќе им биде дозволен влез во државата без негативен ПЦР тест за COVID-19. Влез во Црна Гора без претходно направен ПЦР тест и без потврда за извршена имунизација ќе им биде дозволен на туристите од земјите на Западен Балкан – Македонија, Србија, БиХ, Хрватска, Косово и Албанија. Без тестови ќе можат да патуваат и граѓаните од Русија, Белорусија и Украина.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција.

foto freepik

Слично

Поврзани вести