Економија, финансии, бизнис

Контакт

Maкедонци загинаа во страшна сообраќајка во Србија

Maкедонци загинаа во страшна сообраќајка во Србија

Двајца македонски државјани загинаа во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград - Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“. 

Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет пет српски државјани.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

Во сообраќајната несреќа, според информациите со кои располага српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја. 

Од македонското Министерство за надворешни работи за МИА изјавија дека од македонската амбасада во Белград засега немаат никаква официјална потврда од српското МВР за загинати македонски државјани.

Слично

Поврзани вести