Македонци од Австралија се активираа „За заедничка Македонија“
Група на Македонци кои живеат во Канбера, престолнината на Австралија, се собраа за да изразат поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ со што испраќаат порака против реализирање на албанската платформа за кој сметаат дека е директна закана за уставноста и унитарноста на Република Македонија.

Во весела атмосфера, со ора и песни, оваа мала група на македонски иселници доби можност да изрази политички став за најважните прашања моментално во Република Македонија, а тоа дали може да има излез од предолгата политичка криза или дополнителна компликација со закана за меѓуетнички конфликт.
Слично
