Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонци на Хоргош фатени со шишиња полни марихуана

Македонци на Хоргош фатени со шишиња полни марихуана

И.М. (32) и А.А. (37), двајцата македонски државјани се уапсени на граничниот премин Хоргош, на српско-унгарската граница, откако при преглед на резервоарот на возилото „Опел астра“ со македонски регистарски таблички  им се пронајдени десет пластични шишиња, со девет килограми и 377 грама марихуана.

Поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, на осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Потоа тие со кривична пријава ќе бидат приведени по наредба на Високото јавно обвинителство во Суботица.

Слично

Поврзани вести