Македонци фатени во обид од Србија да влезат во БиХ со лажни ПЦР тестови
Македонски државјани сакале да поминат граница со лажни ПЦР тестови.
Четворица наши државјани се обиделе со лажни ПЦР тестови да ја поминат границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина. Службениците на граничната полиција на БиХ на граничниот премин Рача при редовната контрола откриле пет фалсификувани ПЦР тестови за ковид. Од нив четворица биле македонски државјани и еден кинески. За случајот е информиран и обвинителот на Окружното јавно обвинителство во Бјелина, бидејќи постoи сомнение дека е сторено кривично дело фалсификување исправа. Ова не е прв ваков случај. И претходно на различни гранични премини имаше патници кои со лажни тестови се обидуваа да патуваат.
Слично
