Македонци често прашуваат за алкохолот по вакцината: Засега нема докази дека не треба да се пие
Иако се дебатираше и сега уште е тема, а некои дури и се нервираат што ако се вакцинираат нема да можат да се напијат алкохол, британските експерти негираат дека има докази дека алкохолот по вакцинирањето против Ковид-19 влијае на делотворноста на вакцината. Британската регулаторна агенција за лекови МХРА, реагираше по тврдењата на социјалните мрежи дека е потребно да се воздржите од алкохол две недели по вакцинацијата.
„Засега нема доказ дека алкохолот влијае на делотворноста на вакцината против ковид“, соопштија од МХРА.
Многу граѓани и од Македонија прашуваат за тоа колку е штетно да се пие алкохол по вакцинацијата. Се тврди дека генерално тие што пијат многу и често односно секојдневно имаат поголеми шанси да имаат послаб имун одговор на секакви инфекции.
Се смета дека теоријата за две недели апстиненција од алкохол по вакцинацијата тргна од Русија, каде еден од водечките луѓе јавно предупреди дека алкохолот може да наштети на способноста на организмот да развие антитела.
Илхем Месуди, директорка на центарот за истражување на вируси на калифорнискиот универзитет, вечи дека обилна конзумација на алкохол воопштено го нарушува имунолошкиот систем и конзументот го прави ранлив на инфекции.
„Но кај лицата кои алкохол конзумираат во умерени количини, не постои никаков ризик“, вели таа, појаснувајќи дека под умерена конзумација се сметаат не повеќе од два алкохолни пијалоци дневно за мажи и еден за жени.
