Македон со историски успех во Франкфурт: Две злата и место меѓу лауреатите на Германската математичка олимпијада
Македонија има нова причина за гордост. Младиот Македон постигна извонреден успех на Германската математичка олимпијада, чија голема финална фаза се одржа во Франкфурт, од 28 април до 3 мај 2026 година.
На ова престижно меѓународно натпреварување, Македон освои два златни медала – златен медал во индивидуална конкуренција по математика и златен медал во математички предизвик.
Неговиот успех доби уште поголема тежина со тоа што беше прогласен и во престижната група на лауреати, признание што се доделува само на најуспешните учесници на натпреварувањето.
Со македонското знаме, медалите околу вратот и насмевка полна со гордост, Македон достојно ја претстави Македонија на меѓународната сцена. Неговиот резултат е потврда за исклучителен талент, упорност, дисциплина и љубов кон математиката.
Овој успех е особено значаен бидејќи доаѓа од млад ученик кој со својата работа и посветеност покажува дека големите резултати се можни кога знаењето, трудот и поддршката од семејството и наставниците се спојуваат во вистинска насока.
Честитки за Македон, кој со своите резултати стана вистинска инспирација за своите врсници и гордост за Македонија.
РЖМ/ИС
ФОТО: Фејсбук
