Македон повторно нѐ направи горди: Освои златен медал помеѓу 56.000 натпреварувачи на математичка олимпијада
Малиот Македон Димитровски, со својата желба за учење, труд и љубов кон математиката и природните науки успеа повторно да ја направи цела Македонија да се гордее што е нејзино дете.
Тој освоил златен медал на Математичката олимпијада за основци и средношколци на која учествувале 56.913 ученици од Соединетите Американски Држави и целиот свет.
За неговиот остварен пласман тој добил награда „George Lenchner Medal“.
Убавата вест ја сподели неговиот татко, Владимир Димитровски на социјалните мрежи:
„Голема гордост за нашиот Македон!
Со извонреден успех тој освои златен медал во екипна конкуренција, потоа постигна највисок индивидуален резултат меѓу сите учесници.
Како врв на овој огромен успех, Македон ја доби и престижната „George Lenchner Medal“ за најдобар резултат меѓу неверојатни 56.913 натпреварувачи од „Mathematics Olympiads for Elementary and Middle Schools“ на ниво на американски училишта во САД и низ светот.
Ова е резултат на посветеност, труд и вистинска љубов кон математиката. Честитки Mакедон– продолжи да блескаш!“
РЖМ/Ј.Т
Фото: Владимир Димитровски, Фејсбук
