Економија, финансии, бизнис

Контакт

Македонија го почнува утре скрининг процесот за пристапување во ЕУ

Македонија го почнува утре скрининг процесот за пристапување во ЕУ

Македонија од утре го започнува скрининг процесот за пристапување во Европската унија. Македонска делегација предводена од вицепремиерот Бујар Османи кој е и политички преговарач составена од 40 члена ќе почне разговори од скрининг процесот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. 

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски рече дека делегацијата во Брисел ќе биде и во петок за кога е предвидена и изајава со комесарот Јоханес Хан. Во евроспката престолнина оди и техничкиот преговарач Бојан Маричиќ и министерката за правда Рената Дескоска.

Со цел да можат да се вклучат сите кои сакаат и можат да помогнат во скринингот и преговарачкиот процес, Владата распиша оглас за создавање Регистар на надворешни експерти. До 10 октомври заинтересираните треба да достават работна биографија и мотивациско писмо со наведено поглавје или подтема за која има експертиза.

Слично

Поврзани вести