Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајски раст на јавниот долг – достигна 34,2% од БДП

Мајски раст на јавниот долг – достигна 34,2% од БДП
Нов пораст на Јавниот Долг на Централната Влада во мај. Министерството за финансии објави дека заклучно со петтиот месец од годинава долгот достигна 34,2 % од Бруто Домашниот Производ, или 2 милијарди и 731 милион евра. Во однос на април, долгот на Централната Влада е зголемен за близу 15 милиони евра, и тогаш тој беше 34, 1 % од БДП. Анализата на податоците покажува дека во мај, растот на Јавниот Долг е резултат на пораст на внатрешното задолжување, додека кај надворешниот долг се забележува благо намалување. Вкупен Јавен Долг      2 милијарди 731 милион евра Внатрешен Долг         1 милијарда  067 милиони евра Надоврешен Долг       1 милијарда  664 милиони евра И во мај е регистриран тренд на пораст на внатрешното задолжување по основ на државни хартии од вредност, чие салдо достигна 935,6 милиони евра. Во однос на состојбата со Јавниот Долг на крајот од декември 2012 та години, во првите пет месеци од 2013 та година е забележена пораст од 187 милиони евра. Сегашното ниво на Јавен Долг од 34,2% од БДП е највисоко во последните седум години.

Кои беа проекциите на Владата?

Во еден од документите на Министерството за финасии, насловен “Основни макроекономски индикатори и проекции“ се посочува дека за годинава Јавниот Долг на Централната Владата треба да изнесува 32,8%.

Во истиот тој документ пишува дека Владата за периодот од 2010 та година до 2012 та година таргетира Долг на Централна Влада да не е повисок од 30% од БДП. Ова проектирано ниво е пробиено веќе во 2012 та година, кога долгот достигнува 33,8% од БДП.

Инаку, последниот Извештај за состојбата со Вкупниот Јавен Долг, а не само овој што сега се мери на Централна Влада се однесува на првиот квартал од 2010 та година, кога тој достигнал 32,7% од Бруто Домашниот Производ. Некои експерти сметаат дека вкупниот јавен долг во кој се вбројува долгот на општините и фондовите изнесува околу 45 % од БДП.
Слично

Поврзани вести