Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката што го сними насилниот татко алармира дека тој е на слобода и се заканува дека ќе му пресуди

Мајката што го сними насилниот татко алармира дека тој е на слобода и се заканува дека ќе му пресуди

Мајката од скопската населба Драчево повторно ја вознемири јавноста откако објави дека таткото кого таа лани го сними како физички ја напаѓа нивната четиригодишна ќерка е на слобода, обвинувајќи ги институциите дека не ја заштитиле неа и децата.

Скопјанката преку објава на социјалните мрежи изрази револт од, како што тврди, одлуката насилниот татко повторно да се движи слободно, додавајќи дека доколку повторно се појави пред нејзината врата „лично ќе пресуди“.

„Да ти се плукнам во правдата. Ѓубрето да си шета слободно, викенд му следувало, можел да оди на работа – буквално ќе си шета како ништо да не се случило. Демек таква проценка се дала, не бил опасен по живот. А што е со нас?“, напиша таа на Фејсбук.


Таа во објавата тврди и дека од Центарот за социјална работа се обидувале да ги „смират“, и покрај насилството кое, според неа, со години го трпела таа и нејзините деца.

Јавноста е згрозена откако деновиве мајка со девојче падна од балкон во Скопје и двете загинаа, а сопругот кој бил насилен е во притвор. Во Македонија зачестија фемицидите, а претходно беше објавено дека  Македонија е трета во Европа по бројот на убиства на жени.

Во Македонија од 2013 до 2016 година се регистрирани 19 фемициди.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести