МАЈКАТА НА ВЕРИЦА, ЧИИ ОРГАНИ СПАСИЈА ПОВЕЌЕ ЖИВОТИ ДОБИ ВРАБОТУВАЊЕ: Премиерот Заев отвори Канцеларија во Струмица
Премиерот Зоран
Заев денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со
граѓаните.
-Оваа канцеларија претставува уште една алатка за комуникација со граѓаните,
место каде што тие ќе можат да ги адресираат своите прашања, проблеми и
предлози. На едноставен и лесно достапен начин секој граѓанин од Општина
Струмица, но и од соседните општини ќе можат да закажат средба со премиерот
Заев, а за време на викендите тие средби ќе можат и да се реализираат, велат во
соопштението.
Поддршка во овој процес граѓаните ќе добиваат од вработените во
Канцеларијата, меѓу кои и Душка Белчовска, мајка на Верица, девојката која
преку најголемиот хуман чин - донација на органите - спаси повеќе човечки
животи.
Премиерот Заев денеска оствари и кратка средба со Белчовска, на којашто
разговараа за нејзиниот ангажман во Канцеларијата во Струмица. Премиерот Заев
уште еднаш ја повтори огромната благодарност и восхит за одлуката органите на
нејзината ќерка да бидат донирани и со тоа да спасат животи.
