Мајката на претепаното бебе доби кривична пријава
До Основното јавно обвинителство во Скопје од страна на полицијата е поднесена привична пријава против К.М. (20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање малолетно лице“.
Како што соопшти денеска МВР, пријавената во периодот од 15 јуни до 6 јули годинава во повеќе наврати на локации каде што престојувале го оставала без надзор и без грижа своето едногодишно дете М.Д., при што детето се здобило со тешки телесни повреди.
Пријавената К.М.(20) на седми минатиот месец заедно со нејзин пријател Т.Ј. од Скопје го донеле детето во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а кај него биле видливи повеќе повреди по телото и главата, дополнително констатирани и документирани од страна на лекари при Ургентниот центар.
К.М во разговор со полициски службеници појаснила дека на 15 јуни годинава, заедно со нејзиното дете го напуштиле нивниот семеен дом во Скопје каде престојувале со фамилијата на нејзиниот невенчан сопруг, бидејќи тој бил на издржување казна затвор во КПУ „Скопје“ Скопје. Таа истакнала дека престојувала на повеке локации каде повеќе пати го оставала само и без надзор нејзиното едногодишно дете. На седми минатиот месец пријавената заедно со нејзиното дете побарала од Т.Ј. да ги однесе на посета кај нејзинот невенчан сопруг, но откако тој видел дека детето има повеќе повреди по лицето и главата веднаш со своето возило ги однел во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Полициски службеници разговарале со пријавената и со уште девет други лица, а било извршено и полиграфско испитување.
„Од страна на ЕУМНА при СВР Скопје, на локациите каде престојувала пријавената извршена е крим-техничка обработка, а подигнатите траги се предадени на ОКТИВ при МВР на што од нивна страна изготвени се извештаи од вештачење. Целокупниот материјал е предаден на надлежен Јавен обвинител на натамошно постапување“, стои во соопштението од МВР.
