Мајката на отфрленото седуммесечно бебе од Велес дошла и си заминала од болницата
Мајката на отфрленото седуммесечно бебе кое од случаен минувач беше пронајдено во Велес синоќа дошла да преноќи во велешката болница, но изутрината си заминала, објави портпаролката Марија Андова.
- Таа не била присутна вчера, самоволна дошла вечерта. Наутро доручкувала и самата си заминала без да пријави. Јавен обвинител е известен за ова, изјави Андова, пренесува ТВ 24.
Бебето е во стабилна состојба надвор од животна опасност, а од Обвинителството единствено рекле дека со мајката е извршен службен разговор и се преземаат мерки на расчистување на случајот.
Седуммесечното машко бебе го пронајде од случаен минувач во центарот на Велес, по што подлежеше на брза реанимација.
Како што претходно информираше Секторот за внатрешни работи – Велес, пред два дена во 17.40 часот било пријавено дека од страна на случаен минувач во болницата било донесено бебе оставено во центарот на градот.
