Мајката на осомничениот за убиствата во Старо Нагоричане тврди дека луѓето им љубомореле оти имаат 250 овци
Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце не сакала да застане пред камера, но во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен за делата што му се ставаат на товар.
Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека напасувал овци, бил мирен и повлечен, но дека мештаните биле љубоморни затоа што семејството имало 250 овци. Според неа, селаните често го пријавувале во полиција за наводни кражби.

„Под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен“, тврди мајката, изразувајќи страв дека истрагата може да доведе до изнудено признание.
Но, мештаните велат дека бил насилен. Дури еден човек кажа дека осомничениот го давел пред продавница, а другите не смееле да се мешаат. Инаку, за две жени се потврди дека починале од насилна смрт. Се истражува дали осомничниот стои зад пет убиства на жени на територија на Општина Старо Нагоричане.
Последната жртва имаше 78 години. Жената се вратила од Австрија тука да ги помине пензионерските денови.
