Мајката на Мукоски: Делото е квалификувано како тероризам, тоа син ми не би го направил
Очекував дека ќе биде повикан на сослушување, да даде изјава, но не на ваков начин, мислев дека согласно закон ќе добие покана, ќе појде во суд, ќе даде изјава, вели мајката на пратеникот Крсто Мукоски, Ружица Мукоска.
„Делото е квалификувано како тероризам, но тоа е нешто најстрашно, тоа е нешто што син ми не би го направил никогаш. Јас се гордеам на син ми и не се срамам за тоа што е приведен, а тој сигурно не го сторил делото по негови искази. Горда сум што сум негова мајка, тој е татко на 4 малолетни деца, трет мандат му е во Парламентот, секогаш се борел за татковината, така е и воспитан, патриотски, да си ја сака татковината, да си го сака народот, да стори добро за татковината, а не лошо“ - вели таа во изјава за Алфа.
Додава дека луѓе кои се терористи и ја нападнаа Македонија во 2001 година се ослободени и амнестирани.
