Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката на Ленче пред Пендаровски го пофали херојот Стојов: Ваков човек не се раѓа!

Мајката на Ленче пред Пендаровски го пофали херојот Стојов: Ваков човек не се раѓа!

Претседателот Стево Пендаровски денеска при посетата на Кочани го посети Киро Стојов, херојот од Кочани, кој донираше дел од црниот дроб за да ја спаси сограѓанката Ленче Манова при што веста одекна во безмаку сите релевантни медиуми.

"Хуманоста не познава граници", вели кочанчанецот Киро Стојов кој пред три години донираше дел од својот црн дроб на 39 годишна личност, која не е во крвно сродство со него, но сега за неа е брат.Киро ми раскажа дека ниту една секунда не размислувал дали да го стори тоа“, беа импресиите на Пендаровски од овој момент.

Делото на Стојов да донира дел од свој орган на личност со која не е во крвно сродство  е редок случај не само во нашата држава, туку и во поширокиот регион.

„Ваков човек не се раѓа. Тој го спаси животот на моето чедо“, рече мајката на Ленче на која Стојов и го спасил животот. Стојов упати апел сите што се во можност да го следат неговиот пример и да бидат хумани.

Целата херојска приказна  на Киро Стојов од Кочани кој гради човештина: Неописливо е чувството кога знаете дека сте спасиле еден живот читајте ја тука.

Слично

Поврзани вести